Вести Македонија Топ вести

Запленетите акции на Мијалков од денеска на аукција на берза

Од денеска па до следниот вторник на Македонската берза ќе се продаваат акциите чиј сопственик беше екс директорот на УБК Сашо Мијалков а кои му беа запленети од државата во случајот „Империја“.

Акциите се продаваат по оглас и налог на Агенцијата за запленет имот на јавна берзанска аукција и на 25 ќе се знае дали, и колку државата заработила од акциите на Мијалков.

Во случајот „Империја“, Сашо Мијалков призна вина и се спогоди со Обвинтелството а казната беше три години затвор и одземање на имот вреден околу 30 милиони евра, меѓу кои 25 станови и парцелата до хотелот Мериот.

Шесте милиони евра готовина кој поранешниот директор на УБК ги уплати, по признанието вина во истоимениот предмет, Владата веќе ги троши.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андов во разговор за КОД открива што се носел Палевски во неговиот куфер

Дејан Дејан

Македонија освои прво и второ место на Глобалната спортска роботска олимпијада во Грција

Дејан Дејан

Пожарникарите спасиле човек кој паднал во Драгор – можни одрони на патиштата по обилните дождови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе