Вести Македонија Топ вести

Министрите на седница ќе ја ревидираат одлуката за спојување на концесиите за Иловица – се чека Бектеши да ги достави документите

Дел од министрите и натаму остануваат на ставот дека се против рудници и чекаат на денешната владина седница, министерот за економија да реферира за спојувањето на концесиите за рудникот Иловица.

Според најавите министерот за економија Крешник Бектеши на денешната владина седница, дополнително ќе образложува и ќе доставува документи.

ВМРО ДМПНЕ побара од премиерот веднаш да го разреши министерот Бектеши или министрите кои биле изманипулирани да гласаат за одлука што наводно не ја знаеле.

СДСМ се на ставот дека се против рудниците во струмичко… Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вчера рече дека Владата има консензус околу генералните политики и важноста на земјоделството за државата…

Потврди дека на денешната владина седница ќе се преиспитува одлуката за спојување на концесиите за рудникот и го повтори ставот дека е против отворање на рудници. И министерот за земјоделство, Љупчо Николовски вели дека го дели ставот на мнозинството граѓани…

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе