Вести Македонија

Во Штип гореше ауди на началник на СВР-Штип

Во штипската населба Сењак рано утринава гореше возилото на началникот на СВР-Штип, Боби Гидиоски. Автомобилот марка ауди, било паркирано на улицата „Ванчо Китанов“, во 3 часот и една минута од граѓанин е пријавено во штипската полициска станица дека е запален автомобил. Пожарникарите веднаш реагирале и не дозволиле огнените јазици да се прошират на останатите паркирани возила, повредени во случајот нема. СВР-Штип информацијата ја потврди, а истрагата  е во тек и треба да открие дали станува збор за самозапалување или некој намерно го запалил возилото на началникот.  Пред три години низ штипските улици изгореа над 20 тина возила, меѓу кои и на високи политички функционери. Дел од случаите за возилата се нерешени, а минатиот месец министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски при посетата на СВР-Штип истакна дека ваквите случаи тешко се расветлуваат.

Детали од истрагата не се откриваат за запаленото возило на началникот на СВР-Штип, но јавноста веќе шпекулира дека  пожарот е подметнато од лице кое до местото дошло со мотор.

Викторија Димитрова Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе