Вести Македонија

Државниот обвинител Љубомир Јовески на средба со антикорупционерите

Државниот обвинител Љубомир Јовески се сретнал со членовите на Антикорупциска. Средбата била на негова иницијатива и им ги презентирал активностите кои ги планира Јавното обвинителство во следниот период.

  • Во рамките на активностите за зајакнување на националниот фронт за борба против корупцијата, двете институции ги разгледаа можностите за дополнително унапредување на меѓусебната соработка, информираат од обвинителството

Според соопштението од  ДКСК Јовески појаснил дека идејата на обвинителството не е да се создаваат паралелни институции со постоечките, туку да се подобри меѓуинституционалната координација и размена на информации во функција на борбата против корупцијата.

  • Во таа насока, обвинителот Јовески информираше дека Јавното обвинителство веќе започнало со одржување на работни средби и со другите надлежни институции. Претседателката Билјана Ивановска нагласи дека е невозможна ефикасна борба против корупцијата без заедничка и координирана активност на сите институции и опшествени чинители, стои во соопштението од Антикорупциска.

Идејата за национален фронт за борба против корупцијата, Јовески ја најави по извршениот надзор во предметите поврзани со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Беше презентирана како една од 4 те мерки за  јакнење на отпорноста на јавнообвинителскиот систем и ажурноста на јавнообвинителското постапување.

Според  извештајот на комисијата за вонреден надзор од 2006 до сега имало 30 предмети против него од кои полоцина се сеуште активни но до сгеа ниту еден не завршил со обвиненет.

Минатата недела Јовески се сретна и со главниот држвавен ревизор Максим Ацевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе