Вести Свет

Европа се пече под жешкото сонце, во Индија поплави

Европа се пече под жешкото сонце, а во Индија климатскиот феномен познат како Ел Нињо предизвика поплави. Светската метеоролошка организација со оценка првата недела на јули била најжешката недела досега забележана од постоењето на човештвото.

„Првата недела од јули, почнувајќи од 4-ти до 7-ми, може да се смета за најтоплиот период или најтоплата недела досега забележана“, изјави Омар Бадур, шеф на климатскиот мониторинг во Светската метеоролошка организација.

Светот се соочува со најтоплото време во пишаната човечка историја.

Истовремено, светската метеоролошка организација алармира за драматична загуба на морскиот мраз на Јужниот пол, кој се доближува до 1,2 милиони квадратни километри под претходниот рекорд што беше поставен во 2022 година, загрижувачки климатски преседан, кој веројатно дополнително е влошен од климатскиот феномен познат како Ел Нињо.

„Во текот на годината Ел Нињо, имате повисоки температури и во атмосферата бидејќи топлината се движи од океаните во атмосферата. Но, како што точно истакнавте, ние сме всушност само на почетокот на тој процес, така што Ел Нињо немаше толку голем ефект како што ќе има подоцна во годината. Така, ги гледаме овие високи температури во Северен Атлантик и сл., и покрај фактот што Ел Нињо навистина сè уште не започнал. Знаете, можеме да очекуваме многу повисоки температури од Ел Нињо во втората половина од годината, така што околу октомври и ноември време“, рече Мајкл Спароу, шеф на Светската програма за истражување на климата.

И, додека во Европа жителите и многубројните туристи се соочуваат со екстремно високи температури и најави дека тие ќе продолжат и во наредниве денови, на другиот крај од светот – рекордни поплави.

Најмалку 66 лица загинаа по неколкудневните немилосрдни монсунски дождови во Индија, соопштија владини претставници.

Полицијата соопшти дека спасувачките тимови биле мобилизирани за да им помогнат на 40 странски патници, меѓу кои 14 Руси и 12 Малезијци, заглавени на туристичките дестинации заедно со неколку стотици индиски државјани.

„Живеам во Газиабад и одев во мојата фабрика во северен Делхи и останав заглавен овде во последните два часа. Имаат затворени патишта и понатаму од овде водата е длабока околу четири метри и јас треба да одам на две тркала, сега не знам каде да одам. Заглавен сум на средина. Во Њу Делхи престојувам во последните 22 години и никогаш не сум доживеал ваква ситуација, ова е првпат.”, вели жител на Индија.

Поплавите и лизгањето на земјиштето се вообичаени за време на сезоната на монсуните во Индија, но експертите велат дека климатските промени ја зголемуваат својата фреквенција и сериозност.

Поројните дождови однесоа возила, урнаа згради и урнаа мостови во најпогодената држава Химачал Прадеш.

Во главниот град, Њу Делхи, реката Џамуна ги поплави клучните патишта и ги потопи историските квартови при што загинаа повеќе од 100 луѓе во текот на две недели, соопштија официјални лица.

Властите евакуираа речиси 30.000 луѓе во кампови за помош.

Индиската метеоролошка агенција прогнозираше нови обилни дождови во северните делови во наредните денови.

Се вели дека монсунските дождови низ целата земја веќе донеле околу 2% повеќе врнежи од вообичаеното.

Југослава Дуковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе