Вести Свет

Италија ја чека рекордната жештина, топлотниот бран во Европа урива рекорди  за високи температури

Топлотен бран со потенцијално рекордни температури деновиве ја гори јужна Европа. Метеоролозите очекуваат температурите да надминат 40 степени во Шпанија, Грција, Хрватска, Турција и делови од Франција. Од горештините не се поштедени ниту посеверните континентални региони во Европа.

„Многу е топло, а станува уште потопло. Голем проблем се и сообраќајните гасови, издувните гасови, тие понекогаш се потопли и од веќе врелиот асфалт.“, вели Михаил, жител на Букурешт, Романија.

Во делови од Италија се очекува температурата да се искачи до речиси 49 степени. Италијанските власти прогласија црвена тревога во дури 10 градови, меѓу кои Рим, Болоња и Фиренца.

„Не можеш да дишеш. Ние во Сан Салво го имаме морето. Иако овој град е убав, жештината е неподнослива.“, рече Никола Франческо – турист во Рим од источниот брег на Италија.

Експертите очекуваат дека оваа година да биде една од најтоплите, ако не и најтопла година откако се води статистика. Една од најголемите причини за тоа се осцилациите кои ги предизвикува феноменот „Ел нињо“ во јужните делови на Тихиот океан. Тие очекуваат следната година тие да бидат уште поизразени, што значи дека најверојатно летото 2024 година ќе биде уште потопло.

„Динамиките на климатскито систем се многу комплексни. Научниот консензус потврдува дека климатските промени предизвикани од луѓето, играат значителна улога во зголемената појава, трајност и јачината на топлотните бранови на глобално ниво, затоа што стакленичните гасови ја задржуваат топлината во атмосферата. Настаните со екстремни температури се првичниот очекуван ефект.“, вели Даниел Џонсон – Професор по географија на Универзитетот Пердју во Индијанаполис.

Високите температури минатото лето во Европа ја предизвикале смртта на речиси 62.000 лица, покажува научната студија објавена пред неколку денови, која е изработена од повеќе универзитети и институции во Шпанија, Франција и Швајцарија. Според тоа, најтешко погодена држава минатото лето била Италија со дури 18.000 смртни случаи предизвикани од високи темепратури, по што следува Шпанија со 11.000 и Германија со 8.000 смртни случаи.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе