Вести Свет

Целта за ефикасно уништување на непријателот, причина за бавниот напредок на украинската офанзива

Украинското раководство го објасни бавниот напредок на долгонајавуваната контраофанзива со новата цел да ги истроши руските сили.

Во оваа фаза на активни непријателства, украинските одбранбени сили ја исполнуваат задачата број еден: максимално уништување на жива сила, опрема, складишта за гориво, воени возила, командни пунктови, артилериски и противвоздушни сили на руската армија, напиша секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана Олексеј Данилов на Твитер.

Тој додаде дека колку поефикасно е уништен непријателот, толку повеќе километри подоцна ќе бидат ослободени.

Последниве денови беа особено плодни, додаде Данилов.

Претходно, портпаролот на фронтот Таурија во јужна Украина, Валериј Шершен изјави дека украинската армија напреднала два километри, но не даде дополнителни информации.

Украина се брани од руската инвазија веќе 16 месеци. Украинската армија пред неполн месец започна контраофанзива на југот на земјата, која засега не ги исполни очекувањата за враќање на окупираните територии.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Димитровска: Оформени се 45 предмети во врска на изборите од денот на нивно распишување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе