Вести Македонија

Внатрепартиските избори во ДУИ се нестатутарни и организирани со диктат, реагираат „Огнените“

Фракцијата на ДУИ смета дека внатрепартиските избори во ДУИ се нестатутарни и организирани со диктат, соопшти од таму.

Иако покриени со маската на внатрешни избори со висока демократија односно 1 член 1 глас, сакаме да ја информираме пошироката јавност дека овој процес е фарса, бидејќи е сосема нестатутарен, и згора на тоа претседателите се веќе избрани по диктат на пратседателот Али Ахмети пред извесно време, се вели во нивното соопштение.

Поради тоа, фракциајта денешните избори ги гледа како „евтин театар за дефокусирање на јавноста“.

Овој процес никако не може да биде демократски бидејќи од почетокот беше исклучувачки, што значи дека активистите кои не мислат дека треба да гласаат како во комунизмот, по диктат, беа оневозможени да се регистрираат, иако се основачи, активни и заслужни за победите на Демократската Унија за Интеграција од 2002 година, велат тие.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе