Вести Македонија

Две лица со автомобил паднале од мост во река во Прилеп

Двајца мажи попладнево се извлечени од автомобил со кој паднале во река во Прилеп,  информираа попладнево од Центарот за управување со кризи. Лицата се пренесени во прилепската болница, каде на едно му се констатирани тешки телесни повредени, но не е во животна опасност, а на другото лесни повреди и е пуштено на домашно лекување.

– Во 13:11 часот (на 02.07.2023.) на единствениот број за итни ситуации 112 во ЦУК, добиена е информација дека патничко моторно возило марка „голф“ влетало во реката кај мост „Кочо Рацин“ во Прилеп. Од Регионалниот ЦУК Битола контактирале со ТППЕ Прилеп и добиле известување дека имаат екипа на лице место, како и од прилепската Итна медицинска помош и дека во возилото имало две лица кои се извлечени. На терен, согласно ситуацијата, била излезена и полициска екипа од Полициската станица Прилеп, информира ЦУК.

Возилото е извлечено со шлеп служба.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Таравари: Сѐ уште е рано за да се каже кој колку министерства ќе води во идната Влада

Дејан Дејан

Доцни сеидбата на ориз во Чешиново Облешево

Дејан Дејан

Коѕијас ја критикува грчката влада за неспроведување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе