Вести Свет

Вооружени напаѓачи убија 11 лица во билијард бар во Хондурас

Најмалку 11 лица загинаа, а неколку се повредени во пукотница во општината Чолома, во северниот дел на Хондурас.

Властите прелиминарно известија во неделата дека вооружени лица упаднале во билијард бар и ги застрелале гостите од близина, по што побегнале.

Десет мажи и една жена се убиени во нападот.

Портпаролот на националната полиција Едгардо Барахона го потврди нападот, без притоа да изнесува детали за убиството.

Претседателот на Хондурас Ксиомара Кастро нареди воведување полициски час во следните 15 дена во текот на ноќта и понуди награда од 32.000 американски долари за оние кои ќе помогнат во фаќањето на сторителите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе