Вести Македонија Топ вести

Насер Рауфи пред Врховен суд: Укинете ја пресудата и ,,Монструм” да с еврсти во кривичен, но без спорните вештаци на обвинителството

Адвокатот на обвинетите во сличајот ,,Монструм” одново пред петлечниот совет на врховниот суд побара да се укинат првостепната пресуда и потврдата од апелација дека Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ пукале во четирите момчиња и рибарот кај Смилковското езеро, а Хаки и Фејзи Азири помогнале со логистиката, бегството и прикривањето на петкратното пукање.

Вештачењата на земјата, возилото, сите ДНК анализи понудени како докази на обвинителство се нецелосни и збунувачки наведе адвокатот Насер Рауфи пред последната судска инстанца, a уште поспорно според одбраната е начинот на кој доказите биле прибирани.

Рауфи, отвори и дилеми за судиите во Врхоховен како пред кривичниот суд, обвинетиот Фејзи Азири првично од креатор на масакрот добил полесна затворска казна наспроти извршителот Агим Исмаиловиќ.

Во големата сала аргументацијата на одбрсната ја слушаше само обвинетиот Агим Исмаиловиќ, бидејќи Хаки Азири и Фејзи Азири ги исполлнуваат условите за слобода зараДи одлежаните години затвор.

Инаку во 2017 та токму врховниот суд даде втора шанса на обвинетите, ги поништи првостепената и вторстепената пресуда и го врати предметот со образложување и насоки да се изврши увид на возилото опел ,,Омега” што, пак, беше одбиеното барање на судот од одбраната. Обвинението на повтореното судење го застапуваше Фатиме Фетаи од СЈО.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе