Вести Македонија Топ вести

Обвинителството ги отфрли кривичните пријави против Муареми – екс-директорот на Финансова полиција нема да одговара

Екс-директорот на Управата на финансиска полиција (УФП), Арафат Муареми нема да одговара. Обвинителството предводено од Абази ги отфрли двете кривичните пријави поради кои Русковска направи претрес во Финансиска полиција.

Од Обвинителството за организиран криминал преку долго соопштение објаснуваат дека од доказите се покажало дека за Муареми и пријавените инспектори во Управата не постои основано сомнение дека ги сториле кривичните дела за кои се пријавени.

По суспенидањето на Русковска, предметот го работело специјализираното одделение за полициски службеници во обвинителството за организиран криминал.

Истражителите од обвинителството за организиран криминал направиле увид во сите 415 предмети кои ги барало обвинителството предводено од Русковска кои се однесуваат, пред сè, на анонимни кривични пријави. Утврдиле дека забелешките од кривичните пријави не соодветствуваат со фактичката состојба.

„Од прибраните писмени докази и вербални искази, јавниот обвинител утврди дека не постои основано сомнение што упатува дека пријавените ја искористиле својата моќ како вработени во УФП и откако оштетениот не им дал пари, започнале да водат постапки за поништување на легализацијата на неговиот објект. Прибраните докази упатуваат на тоа дека пријавените постапувале во рамки на нивните законски овластувања по поднесена анонимна пријава до УФП и имале за цел да утврдат дали е сторено кривично дело што се гони по службена должност, а чие откривање и документирање е во надлежност на УФП. Управната постапка за поништување на решението за легализација за која станува збор во пријавата е во надлежност на Управниот суд и истата сѐ уште не е завршена“, објаснуваа од Обвинителство.

Поради претресот во финансиска полиција, Русковска првично беше суспендирана и се водеше дисиплинска постапка која резултираше со одлука за нејзино разрешување. Муареми и поднесе и кривична пријава, а предистрагата за обвинителките поврзани со предметот за Муареми е сè уште активна.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Митрески: Заедно и сплотени против сите предизвици и искушенија

Дејан Дејан

Велигден со пораки за здравје, љубов, меѓусебна почит и обединување

Дејан Дејан

Нови тензии на Токсикологија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе