Вести Македонија

Независниот синдикат на здравствени работници ќе преговара за порамнување на платите, а Здружението на судската администрација ќе протестира за повисоки плати

Независниот синдикат на здравствени работници, наредната недела со претставници од Владата и Министерството за финансии, ќе седне на маса, а тема ќе бидат барањата за добивање К-15, нови вработување на неопределено време и порамнување на платите. Инсистираат на порамнување на платите, зашто, како што велат, така ќе им се врати онаа разлика што постоела пред зголемување на минималната плата од 15.000 на 18.000, па на 20.000 денари.

„Кога минималецот беше 15.200 денари, сестра или физиотерапевт земаа 21.000 денари плата. Тоа е разлика од 5.800 денари. Двапати имаме покачување на минималецот, тие останаа на 21.000 денари. Сега со ова покачување што сакаат да им го дадат од 3.000 денари бруто, а всушност 2.000 денари нето и 2.000 денари бруто со 1.350 денари нето, не добиваат ништо. Фактички, разликата меѓу минималецот за сестра со средно образование и физијатар доаѓа околу 2.800 денари“, изјави Лазо Костовски, претседател на Независен синдикат на Геријатриска болница- Скопје.

На средбата со надлежните ќе се бара и подобрување на финансискиот статус на негователките, поради тоа што земале повисоки плати од минималната и поради тоа на двапати биле изоставени при зголемување на платите. Поради најавената средба со надлежните, протестите за денеска и утре ги ставија во мирување, а ако барањата не им се исполнат најавуваат радикални протести.

Но, на протести наредната недела ќе излезе од Здружението на судската администрација (ЗСА). Ја демантираат претседателката на Синдикатот на Судскиот совет дека платите им се зголемиле за 35 отсто. Велат, со прелевање на додатоците на плата за октомври и за ноември лани добиле повисоки примања, но со новото покачување на платите на функционерите до 78 отсто, им запрела исплатата на додатоците. А, кога побарале зголемување на платите со измена на Законот за судска служба и преодно решение за исплата на додатоците од минимум 25 отсто, биле одбиени од Судскиот буџетски совет.

„Со образложение дека нема средства во буџетот, во конкретниот случај во судскиот буџет за да се исплатат тие барања на судската служба“, ни изјави Борче Мирчески од Здружение на судска администрација.

На протестот на ЗСА ќе им се придружат и од Независниот синдикат на државната администрација.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Димитровска: Оформени се 45 предмети во врска на изборите од денот на нивно распишување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе