Вести Македонија

По вчерашната лидерска средба имаме пoдобра ситуација во поглед на уставните измени, смета Георгиев

Ситуациајта пред вчерашната средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше е сложена и тешка, ситуацијата пред да дојде до оваа средба, но сега имаме поинаква ситуација, анализираше поранешниот пратеник Гордан Георгиев во вечерашното издание на Вин Вин на Телма. Смета дека СДСМ непристојно влегол во кампања про ЕУ и анти ЕУ, додека пак ВМРО-ДПМНЕ се надевал на победа на предвремени избори, по која ќе одлучувале што ќе прават. победиме на избори, па ќе видиме што ќе правиме, и претходно се повторувал тој тип на позиции за време на Груевски. Затоа Георгиев смета дека по вчерашната средба можат да се извлечат неколку заклучоци.

Првата издвоена важна работа, е ова што се случи со ДУИ. Значи еден од главните аргументи на ВМРО-ДПМНЕ, кој што добро резонираше кај македонското етничко гласачко тело, не само вмровското, туку и другото да кажам. Мислам дека сега таа ситуација на преговарачката маса е фикс во однос на тоа, мислам, сакам да бидам оптимист дека ДУИ е спремен во одреден контекст на преговори да се лиши дури и од оваа позиција, првична како вели, „изгласајте ги прво уставните измени па влезете во влада“. Дури мислам дека во одредена ситуација ДУИ нема да го чини премногу, ако е вин-вин ситуација за ДУИ, а мислам дека е вин-вин во овој момент, ДУИ уште проадикално да се повлече. Еве утре ако се договорат утре да се повлече ДУИ, мислам дека тоа нема ништо да го чини во смисла на гласови, напротив една година дури ДУИ да биде во опозиција каде што ќе изигра една силна карта, на македонска карта, на семакедонско обединување, мислам дека ќе биде позитивно за ДУИ, рече Георгиев.

Втората важна работа, според него е што сега се чини дека има согласност за уставните измени и од двете најголеми партии.

Сега таа согласност можеме да ја интерпретираме. Се разбира радикални се позициите на двете страни кога би биле уставните измени, но ако чепнеме под површината, на пример позицијата на Мицкоски – уставните измени да се направат кога практично ќе влеземе во ЕУ е на некој начин скиселено вино, бидејќи ние знаеме тоа дека е практично невозможно. И кога ќе дојде пораката од ЕУ, од некој висок претставник од ЕУ дека тоа е невозможно, дека за се може да се преговара, но ова е невозможно тогаш да стапат во сила, повторно гледам дека можеме и тука да се договориме, значи да ги поместме роковите, смета Георгиев.

Како трета работа Георгиев ја посочи можноста и двете партии да омекнат во своите ставови, во смисла да не потенцираат во јавноста дека една страна ги прифатила условите на другата, или обратно.

Мицкоски вели дека ќе издејствува гаранции од неколку премиери од ЕУ. Мислам дека тоа не е невозможно на реторичко ниво, значи тие гаранции можат да бидат усни, да се слика со некој важен премиер, да го примат некаде итн. Мислам дека и тоа СДСМ треба да го даде на ВМРО. Сега е важно според мене, а тоа се случува веќе за жал, СДСМ да се смири малку, да ја смири топката, бидејќи ние ништо не добиваме како јавност, како граѓани, ако СДСМ сега почне со акцентирање „ете ги, прифатија, влегоа на нашата линија“ итн, мислам дека тоа не е добро, бидејќи тоа нема да помогне ни за СДСМ ни за ВМРО-ДПМНЕ, вели Георгиев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Таравари: Сѐ уште е рано за да се каже кој колку министерства ќе води во идната Влада

Дејан Дејан

Доцни сеидбата на ориз во Чешиново Облешево

Дејан Дејан

Коѕијас ја критикува грчката влада за неспроведување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе