Вести Македонија

Лицата со попреченост бараат зголемување на социјалните права за 78%, колку што пораснаа платите на функционерите

Оставка од надлежните заради неостварени социјални права, побараа лицата со попреченост и нивните подржувачи на денешниот трет ден, откако протестираат и кампуваат  пред Владата. Гневни се зашто платите на функционерите пораснаа до 78%, и бараат зголемување за толку и на нивните социјални права.

Бараме додатоците за попреченост да бидат покачени за 78%, асистентската подршка која ја добиваме 80 часа месечно , да биде 160 часа. Исто така, родителите кои работат со половина работно време државата им го покрива остатокот, а всушност не им го покрива, им го крати. Бараме да биде согласно нивните примања, а не согласно просечната плата, рече Суарет Алишан од Коалиција „Менуваме“.

Бараат и зголемување за 78% на образовните асистенти, исто толку проценти да е адаптирана програмата за учениците со попреченост и пристапноста на јавните површини и во училниците. Ортопедските помагала за слепите и за лицата со телесен инвалидитет да ги покрива Фондот за здравство , а партиципацијата за инвалидски колички да се зголеми од 60 на 120 000 денари. Бараат и Омбудсманот да го води лице со попреченост и донесување посебен Закон за достоинство и благосостојба  на лицата со попреченост, согласно Меѓународната конвенција.

-Тука и онаму , оние 120 вагабонти 30 години лажат и манипулираат со народот. Не може веќе така. Нема компромис кога се работи за човековите права и остануваме тука доколку не се донесе со европско знаменце Законот lex specialis, вели Бранкица Димитровска.

-Знаете колку чини да се направи една рампа- 10 евра, а тие си ја покачија платата по 700 евра. Па, од нивното покачување , од платата, можат да се направат рампи во половина Скопје, смета Благојчо Ѓоргиев.

За барањата на лицата со попреченост побаравме одговор од Владата, но од таму останаа недостапни. За нивните барања, лицата со попреченост попладнево во Собранието се среќаваат со пратеници од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ, а најавуваат и продолжување на протестите пред Владата од петок до остварување на барањата.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе