Вести Македонија

Една од најголемите германски инвестиции не може да се реализира – фали потпис!

Поради еден потпис не може да се реализира една од најголемите германски инвестиции во земјава.

Станува збор за ветерна електрана која треба да ја гради германската компанија ВПД во регионот Куманово – Крива Паланка.

Инвестицијата беше најавена уште во 2021-та година кога премиер беше Зоран Заев.

Од кого недостасува потпис на документот, заменик амбасадорот на Германија не сакаше да открие.

„Проектот политички е одлучен но се уште чекаме на крајниот потпис доста сме оптимисти дека ќе го добиеме потписот, но во основа тоа ќе биде најголемата инвестиција некогаш овде спроведена од наша страна. Ве молам за разбирање што не смеам тоа овде јавно да го кажам, но ние сме секојдневно  во преговори и недостасуваат последните детали и во секој случај сме големи оптимисти“ – вели германскиот заменик – амбасадор, Ото Граф.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе