Вести Македонија

Мицкоски ќе учествува на лидерската средба и ќе каже „не“ за бугарскиот диктат

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва од Велес, од дебатата под мотото „ Развојни политики за стабилна економија “, потврди дека ќе учествува на лидерската средба,  каде на Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, ќе му каже дека опозициската партија не го прифаќа бугарскиот диктат.

„Еве ќе им кажам јас Христијан Мицкоски ќе дојдам на лидерска средба и во името на огромното мнозинство на народот кој бара заштита и очекува застанување на нозе, ќе кажам дека уставни измени, прифаќање на бугарски диктат нема да има“, рече Мицкоски.

Првиот човек на најголемата опозициска партија подвлече дека тие нема да дозволат газење на волјата народот и државата.

„Јас нема да дозволам да се прави крпа од волјата на народот како што тоа го прави власта, ниту пак да дозволам да газат по националните интереси“, кажа Мицкоски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе