Вести Македонија

ЕСМ утре ќе ги испорача пресметките до Владата за новата цена на струјата

Според информации на Телма,  анализите на  ЕСМ покажуваат дека ако ја продаваат својата струја по цена од околу 70 евра за мегават час во следниот период,  компанијата нема да работи ниту со добивка ниту со загуба,  туку ќе биде на нула.

Државните електрани  направените пресметки , утре ќе ги испорачаат до Владата, која пак на затворена седница ќе одлучува по која цена ЕСМ во следните  шест месеци ќе ја продава  својата струја на ЕВН ХОУМ.

Во моментов мегават час чини 56 евра.

Од тоа каква ќе биде цената на ЕСМ, најмногу ќе зависи какви сметки за електрична  енергија, ќе плаќаат граѓаните до крајот на годината.

И кога се правеше претходната корекција,  пресметките на ЕСМ покажуваа дека 70 тина  евра за мегават час е реалната цена за продажба  на  струјата од државните електрани.

Во меѓувреме, регулаторна ги разгледува  пресметките од останатите енерегетски компании кои ги доставија уште минатата недела.

МЕМО бара зголемување над 80 отсто, Електродистрибуција над 30, а МЕПСО  бара зголемување на цената на својата услуга за над 50 проценти.

Но, што од барањата ќе  биде прифатено,  а што не Регулаторна допрва ќе утврдува.

Од комисијата за Телма  искоментираа дека доколку во  пресметките на МЕПСО се вкалкулирани  зголемените плати и ненаплатените долгови од  трговците со струја, тие нема да бидат земени предвид при формирање на новата цена на струјата, која  треба да биде објавена  до 20-ти  месецов.

Се анализира во кој период од денот  ќе може да се  користи  евтината струја. Планот е да биде два часа.

Според шпекулациите во енергетските кругови, најверојатно дневната евтина струја ќе биде во периодот од 13 до 16, но сите детали околу оваа поволност  ќе се знаат за околу две недели.

Евтината дневна струја  се враќа, но од друга страна, владата најави и ревидирање на ДДВ- то од сегашните 10 на 18 отсто.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе