Вести Македонија

Наместо да селектираат, граѓаните расфрлаат отпад

Промена на менталитетот во пристапот кон решавање на проблемот, доколку имаме предвид дека Македонија има голем проблем  со тоа како се однесува со цврстиот отпад порача Штефан Худолин, шефот за соработка на Делегацијата на ЕУ во земјава.  Во преговорите со Европската Унија со земјите членки во Советот не е доволно само да се усвои легислативата, таа треба да се спроведе соодветно и ефикасно, додаде Худолин.

Ќе зависи од имплементацијата, ќе зависи од тоа како легислативата е преведена, и како ќе биде проследена од властите. ЕУ заедно со земјите членки веќе има мобилизирано значителни средства за животната средина, особено за справувањето со отпадот, но заостануваме кога станува збор за имплементацијата. Ги повикуваме институциите итно да се посветат на тоа за проектот успешно да започне на терен, да се создаде традиција и да има очигледен ефект во земјата, за да се преведе овој сериозен проблем со управувањето со отпадот во Северна Македонија, рече худолин.

Според Шукова за успешна имплементација на легислативата е потребна професионална етика и висока стручност на администрацијата за спроведување на законодавството.

-Професионалност и стручност не се бара само од државните органи кои се одговорни за спроведување на постапките, туку и од страна на производителите на посебни производи опфатени со регулативата и формираните колективни постапувачи за посебни текови на отпад, рече шукова.

-Кога македонската влада ќе ја донесе потребната одлука истите да се имплементираат тоа ќе биде огромен чекор во насока поблиску до ЕУ, но како што беше кажано не само да се задоволи законодавната цел, а тоа е да се изготви соодветна легислатива, туку исклучително е важно секојдневниот живот на македонските граѓани исто така да се подобри, рече унгарскито амбасадор андраш клајн.

За австрискиот амбасадор Георг Вутсас се уште се свежи сликите на одредени региони во Македонија кои ги посетил пред неколку години и кои се своевидни диви депонии.

Ветриштата ги дуваа пластичните кеси, една крава пасеше на влезот во селото а пасиштето беше целосно покриено со пластични кеси, не беше јасно дали кравата ќе пасе трева или кеси, рече вутсас.

Заради исплатливоста на регионалните системи, планските региони се групирани два по два, велат од Министерството за животна средина. Во најнапредна фаза е изградбата на регионална депонија лоцирана во с. Мечкуевци која ќе ги опслужува Североисточниот и Источниот плански регион и истата е финансирана од ЕУ преку ИПА програмата.  Се очекува во најскоро време да се објави тендерот за изградба на депонијата и трансфер станиците. Во државата ќе има вкупно 5 регионални депонии.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе