Вести Свет Топ вести

(Видео) Солзавец, тензии и преговори – ситуацијата на северот на Косово напната, но мирна

Тензична е утрово ситуацијата во општините со мнозинско српско население на северот на Косово. Единици на КФОР формираа кордон зад кордонот на косовската полиција во Звечан пред објектот на општината.

Утрово имаше обид на граѓани да влезат во општинската зграда, при полицијата користеше солзавец и ги спречи во намерата.

Како што јави РТС, вработените во неколку наврати се обиделе да го пробијат кордонот на специјалните единици на косовската полиција стационирани пред влезот на зградата.

Вработените во таа општина претходно беа пропуштени од војниците на КФОР, кои од утрово се распоредени пред општинската зграда, вооружени и со опрема да ги разбијат демонстрациите.

Претставниците на Српската листа, Горан Ракиќ, Игор Симиќ и Драгиша Миловиќ пристигнале пред  зградата и разговараат со претставници на косовската полиција, јавува РТС.

Според косовскиот портал Kоха.нет, Ракиќ и Симиќ поставиле две барања за заминување на демонстрантите од зградата на општина Звечан, каде што се собраа да протестираат.

Нивните барања се отстранување на косовската полиција од областа и оставка на новиот градоначалник избран на изборите на 23 април.

Овие барања беа изнесени на нивниот состанок одржан со командантот на КФОР кој е таму.

Ситуацијата моментно е мирна и во Зубин поток. Пред општинската зграда се насобрани граѓани кои бараат да влезат внатре. Пред нив се полициски службеници во опрема за разбивање на демонстранти кои ги одвраќаат од намерата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Неоправдано и без основа е зголемувањето на цените на автомобилското осигурување, одлучи АСО

Дејан Дејан

Директорката на Токсикологија со преведувачка пред инспектори, се уште доаѓаат на работа и лекуваат и оние 11 кои не се вработени

Дејан Дејан

Протести во Грузија : Полицијата употреби шок бомби и солзавец

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе