Вести Македонија

Расипаниот лифт во шесткатната социјална зграда во Битола е заглавен во бирократските процедури

Лифтот во шесткатната социјалната зграда на улицата „Смилевски конгрес“ во Битола е заглавен во бирократски процедури, а станарите, посебно оние кои се болни и тешко подвижни, за негова поправка ќе причекаат да завршат тендерските постапки. Ова разбуди уште поголем револт кај нив затоа што се заробени во своите домови повеќе од две години откако лифтот е расипан.

Во најтешка состојба е Калина Димитриевска и нејзината 38 годишна ќерка која боледува од церебрална парализа и е неподвижна, па за неа се недостапни и здравствените услуги.

38 годишни е ќерка ми со церебрална парализа, не можам ништо да направам. Лекари дома викам, интернист, хирург, но заболекар не можам да викнам, вели Димитриевска.

Меѓу педесетината жители од оваа зграда има и други болни и тешко подвижни кои минуваат низ вистинска голгота за да се симинат од повисоките катови.

Имаме жена што оди на хемотерапија, јас има истечени пршлени, не смеам скала да слезам. Имаме жена со болно срце на петти кат, оперирана е, не може да оди, вели Вера Мискарова.

Станарите безброј пати се обратиле до јавното претпријатие, а напишаа и пет претставки до Народниот правобранител, но проблемот не е решен.

Многу пати заедно одиме кај Народниот правобранител, многу пати имаме дадено жалби и молби, никој не помага, сите лажат, вели Димче Бошевски.

Од Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, во чија надлежност е зградата, вчера рекоа дека имаат целосно разбирање за станарите, процесот се забрзува колку што дозволуваат законите, но мора да се испочитуваат процедурите.

Се набавуваат нови делови за лифтот, откако претходно безуспешно завршиле обидите за негова поправка, а ќе биде распишана и тендерска постапка за одржување и сервисирање. Додека претпријатието ја спроведува процедурата, станарите најавуваат тужба за да ги остварат своите права.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе