Вести Македонија

Втор ден во Комисијата за европски прашања

Се прават законски измени на штета на работниците. Со нивната експлоатација преку работна недела од 72 часа, ќе страдаат и тие и нивните семејства, тврди опозицијата и бара да се почитува одлуката на Уставниот суд за 40-часовна работна недела. Власта образложува дека секој изработен час над 40 неделно, ќе се плаќа како прекувремена работа, а работникот ќе има најмалку 12 слободни часа во едно деноноќие. Потсетува какви биле работничките права  пред десетина години.

Ова е вториот и последен ден од расправата за овој закон. Наредната недела, по два дена ќе добијат уште 4 закони: за урбанистичко планирање, за градење, за експропријација и – за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер при изградбата на коридорите 8 и 10д – сите по скратена постапка и со додадено европско знаменце.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе