Вести Македонија

Мостот „Беласица“ по пожарот е затворен – изгорени се цевките од долниот дел, како и заштитниот бетон

(снимател на ноќно видео од пожарот: Борислав Стоилковиќ)

Пламени јазици насекаде под мостот, покажува видеото на Борислав Стоилковиќ снимено за време на пожарот на мостот „ Беласица“. Синоќа на полноќ пристигнале екипите за гаснење од Бригата за противпожарна заштита на Град Скопје. Од пожарот кој ги зафатил цевководите од  долниот дел на мостот, кој се наоѓа меѓу Железничката станица и Ист Гејт Мол, се развила висока температура, чии првични проценки се дека била над 1000 степени Целзиусови. А, од температурата дошло до пукање на заштитниот бетон со кој е премачкан тој дел од мостот. Пожарот бил локализиран пред 2 часот, а изгаснат околу 4 часот наутро, но постои опасност од оштетување  на арматурата  на мостот. Затоа од претпаднево, тој е затворен за движење на луѓе и возила. А, движењето е пренасочено по околните улици.

  • Градот Скопје донесе одлука најпрво за затворање на сообраќајот за сите моторни возила, преку овој мост, а од пред неколку минути и за целосно затворање на мостот, изјави Стојанче Ангелов- директор на ЦУК

Забраната за движење на мостот ќе важи додека тимот од Град Скопје не ја утврди штетата или не се добијат информации од надлежните за негово повторно отворање или извршена санација.Но,  поради опасност од паѓање  на парчиња бетон од изгорената заштитна обвивка,за граѓаните е забрането и движењето под мостот, на кејот на Вардар.

  • Ќе треба да вложат малку повеќе напор, некои 200-300 метри надвор од самата патека на кејот и слободно ќе можат да продолжат да се движат, вели Ангелов.

Во пожарот се зафатени топловодна и електрична инсталација со која се напојувале светилките на мостот. Од ЕСМ Дистрибуција велат дека имаат екипа на терен и дека опожарувањето на мостот нема да предизвика одложување на почетокот на следната грејна сезона. За пожарот биле известени во „ Макпетрол“ и  од АД „ Гама“, но утврдиле дека немаат гасоводна мрежа која поминува на овој потег. А, МВР се уште работи на утврдување на причините за пожарот. Во неговото гаснење биле вклучени 21 пожарникар и 8 противпожарни возила.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе