Вести Македонија

Брисел разгледува варијанти А и Б за македонското пристапување во ЕУ – Османи не ги открива

Во Брисел се разгледува сценарија од варијанта А и варијанта Б за Македонија за следните чекори кон Европската унија. Ова денеска го соопшти шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, кој рече дека имал серизони разговори на таа тема на техничко ниво во Брисел на кои биле разгледувани и динамиките на исполнување на обврските кои ги има преземено земјава во процесот на пристапување. Сепак Османи не открива конкретно што предвидуваат варијантата А и варијантата Б за Македонија.

„Сценариото е утврдено согласно Преговарачката рамка, но знаете ѓаволот е во деталите, и сакам се да се има предвид однапред размислувањето на сите земји членки, размислувањето на Република Бугарија, динамиката на уставните измени, за да ги имаме сите можни комбинаторики предвид“, вели Османи.

 

Османи притоа е дециден дека нема отстапување од тоа зацртаното во преговарачката рамка, со промена на Уставот да се отвори првото поглавје во преговорите.

За уставните измени Османи очекува дека работната група која работи на формулирање на уставните амандмани веќе да има готов предлог кога тој и премиерот Ковачевски ќе се вратат од посетата на САД, по што би започнала и формално јавната дебата за нив.

„Тоа формулирање мислам дека ќе биде лесно поради тоа што е дефинирано во Протоколот точно каде и како е таа интервенција. Од наш аспект, за да се задоволи барањето на Протоколот и на преговарачката рамка треба да се внесат каде што се останатите и во Уставниот закон“, вели Османи.

Но ако точно се знае каде во Уставот и уставниот закон ќе бидат впишани Бугарите се уште не се знае кои се други заедници ќе станат дел од Уставот, но и како уставните измени ќе го добијат потребното мнозинство во Собранието. Шефот на дипломатијата е оптимист дека тоа ќе се случи откако ќе се формализираат предлозите за уставните амандмани и ќе се види дека во нив нема ништо спорно. Османи смета дека за уставните измени да го добијат потребното мнозинство ќе треба да се разговара и со секој пратеник индивидулано за да го кажат личниот став за конкретните формулации на уставните измени.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе