Вести Македонија

Јошевска Атанасовска: Судиите се тие кои што треба да си го земат во раце нивниот интегритет

Тоа што се случи во Судскиот совет го нарушува интегритетот на сите судии, не само на неговите членови, и затоа судиите треба да придонесат во оваа дебата, која што се води секаде освен таму каде што треба, рече адвокатката Сузана Јошевска Атанасовска во вечерашното издание на Топ Тема на Телма.

Судиите се тие кои што треба да си го земат во раце нивниот интегритет и тие да допринесат во оваа дебата и понудат решенија, со оглед на тоа дека и во Законот за Судски совет постојат решенија во кои можат да бидат вклучени судиите. Она што запрепастува е оваа тишина, или она што не доаѓа од судските кругови, а она што дојде е од Здружението на судии и од Врховниот суд. За мене тоа е шокантно, бидејќи од една страна претседателот на Врховниот суд е по функција член на Судскиот совет и таа не може да се стави во позиција да апелира, а особено бидејќи е претседател на Врховниот суд би требало да биде фигура во која треба да се огледаат сите судии, односно да поттикне на некаков начин, рече Јошевска Атанасовска.

Отсуството на реакција од судиите претставува опасност од погрешна перцепција во јавноста.

На некаков начин да изреагираа за да можеме да знаеме дека на судиите навистина не им е пријатно со ова што се случува сега. Ние вака добиваме впечаток дека сите се вџашени освен тие кои што навистина треба да бидат, бидејќи тоа е нивното тело. Вие ако одите по судските ходници, како што одиме ние, ќе го почувствувате тој сентимент на срам и вџашеност, но тоа не е доволно. Тие мораат да дејствуваат на начин на кој што ќе предизвикаат во јавноста чувство дека навистина нив ги засега ова што се случува, бидејќи и треба да ги засега, и на тој начин барем да пратат порака дека ова што Судскиот совет не го прави, а тоа е да ја гарантира независтноста и самостојноста на целата судска власт, тие самите ќе се погрижат на некаков начин да го поправат, рече Јошевска Атанасовска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе