Вести Македонија

Стапката на вакцинација во Македонија расте, но не е доволно

Стапката на имунизација во земјава е зголемена оваа година, но не е доволна, бидејќи треба да достигне над 90 отсто. Според податоците на здравствените власти, втора доза од МРП вакцината во 2021 изнесувал 80,4 проценти, а во 2022 година се бележи мал раст и достигнува над 89 отсто покриеност на национално ниво. Годинава е, исто така, зголемен интересот за вакцината со ХПВ, која ја примаат децата до 12 години.

Докторите укажуваат дека свеста за вакцинирање на децата кај нивните родители е се уште ниска.

„Иако имаме подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца сакам да потенцирам дека сè уште не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет кој е утврден со програмата за задолжителна имунизација 95% на национално ниво и 90% на локално“, вели д-р Маја Манолева, заменик-министер за здравство.

Пандемијата најмногу влијаела да се забави имунизацијата, но следуваат кампањи, одење од врата на врата и едукација.

„Организирана е вакцинацијата на лице место „од врата до врата“, преку распоредување мобилни тимови за вакцинација низ целата земја, а во исто време и делење информативни материјали за вакцинација, изработени врз основа на медицината базирана на докази. Овие напори ќе продолжат сѐ додека сите што ги исполнуваат условите за вакцинација, не бидат целосно заштитени“, додаде Манолева.

Докторите апелираат да не се одложува вакцинацијата, бидејќи можат повторно да се појават стари болести кои се искоренети и нивните деца би биле во сериозен ризик.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе