Вести Македонија

Пендаровски: Косово ја има поддршка на Македонија за евроатлантските интеграции

Македонија и Косово имаат одлична билатерална соработка и тој тренд треба да продолжи а двете држави мора да се поддржуваат во напорите за европска интеграција.

Ова е заедничкиот заклучок од  средбата на претседателот Стево Пендаровски со претседателката на Република Косово, Вјолса Османи Садриу.

На средбата се разговарало и за внатрешните состојби во двете држави, процесот на европската интеграција и за можноста за продлабочување на трговската размена меѓу двете држави која минатата година изнесуваше 482 милини евра а Косово е во 20те држави со кои Македонија има најголема економска соработка.

Претседателот Пендаровски ја повтори поддршката на Македонија за воведување на визна либерализација на Косово и ја изрази подготвеноста на државата како претседавач на ОБСЕ за имплементација на делови од договорот меѓу Косово и Србија постигнат во Охрид но исклучиво со согласност од двете страни.

Претседателката Османи Садриу се заблагодари за поддршката на Македонија и истакна дека двете државни не се само географски блиски туку и имаат иста визија и нагласи дека соработката на сите полиња меѓу двете држави има потенцијал да се прошори и подобри.

Прашан за став околу заедницата на српски општини претседателот Пендаровски кажа дека Македонија има еднаков однос кон двете држави кои треба да го видат искуството на Македонија.

Двајцата претседатели ја реафирмираа поддршката за Украина и ги нагласија негативните ефекти и последици за регионот од руската инвазија.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе