Вести Македонија

Општина Штип „куса“ за 1,5 до два милиони евра за целосна реализација на водоводната линија 2

Инфлацијата ги „изеде“ парите за целосна реализација на Водоводна линија 2, која треба да се гради со пари од ТАВ по откажувањето на изградбата на Карго аеродромот на територија на Штип и Свети Николе. Проекциите на оваа линија, која треба да обезбеди подобро водоснабдување на населбите во високите зони, но и развој на индустрсики зони и бањскиот туризам, покажуваа дека се потребни 1,2 милиони евра, но со зголемувањето на цените на репроматеријалите за дел од цевководот и резервоарите за вода, општината ќе мора да бара дополнителни 1,5 до 2 милиони евра. Општина Штип ги нема тие пари.

Штипскиот градоначалник во комуникација со фирмата подизведувач има информација дека со работа на она што е одобрено ќе се почне деновиве. Но, проектот нема да биде завршен. Јорданов планира за дополнително обезбедување на средства и аплицирање во Министерството за животна средина, преку заемот од Европската инвестициона банка наменет за водовод и канализација.

Штип годинава за реконструкција на старата водоводна мрежа планира 20 милиони денари, а која поради дотрајаност има чести дефекти, посебно во летниот период кога е зголемен притисокот и потрошувачката. За нејзина целосна ревитализација, локалната самоуправа ќе побара од граѓаните да се изјаснат на референдум, дали се согласни да се пренаменат парите од самопридонесот во висина од 1 милион евра, кои со децении се замрзнати на трезорска сметка, а беа собрани за изградба на брана на Козјачка река, која никогаш не се изгради.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Во одредени професии недостигаат кадри

Дејан Дејан

Голем дел од пролетната зелка остана во нивите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе