Вести Македонија

Има ли бука во Центар од кафеаните и клубовите- градоначалникот и инспекции во проверка на децибелите кои ечат во центарот на Скопје

Во координирана акција која ја придружуваше и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, Секторот за инспекциски работи при Општина Центар преку Инспекцијата за животна средина и Комуналната инспекција вчера вечер во доцните вечерни часови спроведоа вонредни инспекциски надзори во однос на контрола на бучавата од гласна музика од угостителски објекти при што беа извршени мерења на 4 локали од страна на акредитирана лабораторија. Во рамки на акцијата спроведени се контролни мерења и на други локали да се провери дали се почитуваат претходно издадените решенија но не се забележани неправилности.

„Вчера вечер повторно извршивме вонредни инспекциски контроли во неколку локали со цел да се измери прагот на бучава и гласна музика. Ги чекаме извештаите од мерењата и доколку измерените вредности ги надминуваат граничните вредности ќе се спроведе санкционирање согласно Закон. Општина Центар многу често добива поплаки од жителите и затоа ќе продолжи со контролите за мерење на бучава и гласна музика во рестораните, кафе баровите и кафеаните. Казните за надминување на граничните вредности од бучава се движат од 6.000 до 13.000 евра во зависност од големината на субјектот односно дали се работи за микро или мал субјект и досега општината има изречено неколку казнени решенија “, вели Герасимовски.

Во вчерашната акција учествуваше и Комуналната инспекција која што постапуваше согласно Законот за јавна чистота во однос на урбаната опрема.

Градоначалникот Герасимовски повикува сопствениците и управителите на локалите да ги почитуваат дозволените вредности на бучава, во спротивно ќе им бидат изречени глоби во согласност со Законот за заштита од бучава во животна средина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе