Вести Македонија

Полицаец случајно застрела мигрант во близина на касарната во Гевгелија

Млада жена мигрантка утрово почина откако е застрелана кај гевгелиската касарна. Жената за која не се знае од каде е и на која возраст точно е,  бидејќи немала со себе лични документи, била дел од група мигранти кои со помош на двајца криумчари од Скопје се обиделе нелегално да ја поминат македонската територија.

Според МВР, полицијата ги запрела двете патнички возила мерцедес управувано од 26 годишен скопјанец и форд фокус што го управувал 51 годишен скопјанец. Возачите и мигрантите се обиделе да избегаат, а 26 годишникот нападнал полицаец обидувајќи се да му го одзеде пиштолот. Во соопштението на полицијата с евели дека тогаш полицаецот испукал еден куршум што завршил во телото на жената. Во придружба на полиција и Итната медицинска помош била префрлена до Општа болница Гевгелија кад е еконстатирана смрт.

За случајот е известен јавен обвинител и одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за расчистување на случајот. Основното јавно обвинителство извршило увид и по документирање на случајот ќе се поднесат соодветни пријави.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе