Вести Македонија

Анестезиологот тик токер двапати го одбиле за нострификација на специјализацијата

Специјализацијата на лекарот-анестезиолог Ваљтон Дервиши, кој на Тик Ток објави видео од пациенти и медицински персонал, во 2015 година му ја потпишал тогашниот министер Никола Тодоров, откако петочлена комисија од професори од Катедрата на анестезија на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 2014 одбила да му ја нострифицира, објави порталот САКАМДАКАЖАМ.МК.

Во објавата стои дека Комисијата два пати заседавала и побарала дополнителни документи и објаснувања од колегите на Приштинскиот факултет, каде лекарот дипломирал, па откако не добила, не донела одлука за нострификација, по што се повлекла, меѓу другото и поради политички притисоци.

Министерот за здравство Фатмир Меџити, пак, рече дека тој добил непотврдена информација за претходно несовесно однесување на лекарот, но за тоа не била покрената никаква постапка.

Непотврдени информации исто и јас ги добив како вас. Нема ништо запишано, никаква постапка не е покрената досега, дисциплинка, никаква, не знам зошто. Тоа што можам да споделам со вас до пред две недели немало ни дисциплинска комисија, не знам зошто така било. Отсега натаму со мене во МЗ и со мојот тим работите веќе нема вака да продолжат, ќе се решат ист момент и најстрого ќе се санкционираат, рече министерот меџити.

Комисијата за етички и правни прашања на Лекарската комора донесе одлука за поведување на постапка за времено одземање на лиценцата за работа на анестезиологот , поради тоа што со објава на видеоснимка од гинеколошкото Одделение на болницата во живо на социјалната мрежа Тик-Ток ја искористил својата позиција и ги нарушил правата на пациентите и нивното достоинство, а со тоа го нарушил и угледот и честа на лекарската професија.

43-годишниот анестезиолог се наоѓа во притвор откако случајот во полицијата го пријави директорот на тетовската болница, по што и Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка, при што тој се сомничи за кривични дела – Несовесно работење во службата и Неовластено снимање.

По овој скандал тој беше отпуштен од работното место.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе