Вести Македонија

Тасева во „Топ тема“: Се чудам дека некој во Собрание, граѓанин на оваа држава и гласан од граѓаните, може да гласа за договор што нема да го види

Секој треба да постапува според својата совест и според својата одговорност, вели Слаѓана Тасева од „Транспаренси Интернешнл“ во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ, во врска со предложените измени на девет законски решенија што се поврзани со автопатите од коридорите 8 и 10Д, чија изградба е доверена на американско-турскиот конзорциум „Бехтел&Енка“.

„Јас се чудам на тоа дека може некој во Собрание, кој е граѓанин на оваа држава и гласан од граѓаните на оваа држава, така да гласа, за еден ваков закон или за еден ваков договор. Навистина треба да ги повикаме и нив на одговорност, и нивниот интегритет, етика и одговорност кон гласачите“, е одговорот на Тасева на прашањето за евентуалното гласање на „невидено“ од пратениците за предложените законски измени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе