Вести Македонија

Законските измени ги изедначуваат легалните објекти со дивоградбите, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ продолжува обвинувања за корупција во договорот со „Бехтел и Енка“, милионски штети и посочува недоследности поврзани со закноските измени за изградба на Коридорот 8, власта останува на ставот дека се е чисто но и дека договорот нема да се објави јавно.

Според опозициската партија измените во законот за експропријација ги изедначуваат дивоградбите со легално изградените објекти и доколку се најдат на трасата за автопатот исто ќе бидат обесштетени, а речиси 45 отсто од трасата минува низ приватени имоти.

Од владата без реакција на последните обвинувања од опозицијата, но затоа се јавија од СДСМ од каде соопштија дека ВМРО – ДПМНЕ е отворено против изградба на коридорите и ги обвинува САД и компанијата Бехтел за криминал

Измените на осум закони кои ги изготвија петнаесетина пратеници од владеачката колација се влезени во собраниските процедури и само преку нив може да приближно да се види кои се долнителните обврски Владата ги превзела покрај веќе потпишаното стратешко партнерство. Гледајќи ги измените изготвени од пратениците кои го немаат видено договорот може да се заклучи дека со превземените обврски  како на пример даночните и царински олеснувања Владата го менува и првичниот договор за стратешко партнерство.

Нејасно е и зошто Владата ја превзела обврската на Собранието и се обврзала на законски измени кои се изклучиво во надлежност на законодавната власт.

Проблематични се и измените во законот за работни односи и 60 часовната работна недела, од која зависи времскиот рок  на изградба на делниците. Шеесет часовната работна недела за работниците ангажирани на изградбата на Коридорот 8 беше предвидена во  член 12 во договорот за стратешко партнерство кој во јули минатата година Уставниот суд го укина. Доколку измените поминат во Собранието повеќе од сигурно е дека повторно ќе бидат оспорени пред Уставниот суд но надлежните се убедени дека овој пат судот ќе одлучи поинаку.

Од Владата сеуште не дадоа одговор на прашањето околу овластувањата на Управувачкиот комитет и консултантите да преговараат договор со две можности поефтина со законски измени и поскапа без законски измени кој потоа е подметнат на Владата и прифатен и зошто консултантите преговарале во корист на барањата на „Бехтел и Енка“ наместо да ги штитат интересите на државата и да се изборат за фиксни рокови согласно постојните законски решенија.

Првично најавените 1,3 милјарди евра за проектот сега станаа само проценка и тоа само во случај доколку се истуркаат законските измени. Во случај да не поминат според вицепреиерот Артан Груби изгрдабата ќе трае најмалку шест месеци подолго од предвидените 5 години. Евентуалното неизгласување на законските измени на кои се обврзала Владата, според дел од договорот кој го објави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски, повлекува плаќање на пенали и државата ќе ја чини дополнителни 108 милиони евра за рок од пет години.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Во одредени професии недостигаат кадри

Дејан Дејан

Голем дел од пролетната зелка остана во нивите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе