Вести Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара кривична одговорност од Османи, затоа што на пресконференцијата со шпанскиот колега Албарез Буено зборувал само на албански, Османи ги обвини за ширење лаги и етнички тензии

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка и кривична одговорност од шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, бидејќи на официјалната прес-конференција со неговиот шпански колега зборувал само на албански јазик. Опозицијата тврди дека Османи со ваквиот  недржавнични потег го прекршил уставот на државата, но и рамковниот договор.

Преку својот Фејсбук профил, Османи ја демантираше ВМРО-ДПМНЕ. Опозициските тврдења ги отфрли како груби лаги и целосно измислени факти, со кои како што пишува, се создаваат етнички тензии и општествени поделби. Сподели и видео од прес-конференцијата со шпанскиот министер, проследено со официјалниот демнат од МНР кој стигна неколку часа претходно, а во кој се негира кршење на Уставот и законот за јазици.

На секој настан Министерот се обраќа пред домашната јавност на двата службени јазици дефинирани според Уставот и Законот за јазици, при што Министерството обезбедува превод, соодветно достапен за присутните медиуми, стои во Соопштението од МНР.

Од таму ги повикуваат ВМРО – ДПМНЕ да ги поткрепат тврдењата со некаков доказ, запис или снимка; во спротивно, да покажат почит кон вредностите кои ги застапуваат и јавно да се извинат за непотребното создавање конфузија во јавноста на етничка основа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Таравари: Сѐ уште е рано за да се каже кој колку министерства ќе води во идната Влада

Дејан Дејан

Доцни сеидбата на ориз во Чешиново Облешево

Дејан Дејан

Коѕијас ја критикува грчката влада за неспроведување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе