Вести Македонија

Водата не е проблем за Дојранското езеро, на некои места ја надминува нултата кота

Дојран нема проблем со нивото на водата, тоа на некои места ја надминува нултата кота, но хидросистемот „Ѓавото“ мора да работи во текот на летниот период. Ова е ставот што дојранскиот градоначалник Ангов го пренел и на министерката за животна средина, Шукова. Градоначалникот вели дека истражувањата што се прават покажуваат големо загревање на водата во текот на летниот период, особено поради малата длабочина на езерото, па дотурот на свежа вода е корисен и за растителниот и за животинскиот свет.

Ангов вели дека ќе се искористат сите ресурси за да има успешна туристичка сезона, но генералната грижа за езерото не е само на Македонија, туку за ова прашање мора да се воспостави и подобра соработка со Грција.

Според информациите од Министерството за животна средина, хидросистемот е во добра состојба и ќе може да се рестартира. Тој престана да работи лани кога месечните сметки за електрична енергија достигнаа и до 300.000 евра.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Во одредени професии недостигаат кадри

Дејан Дејан

Голем дел од пролетната зелка остана во нивите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе