Вести Македонија

Сеидбата на оризот во тек – површините зголемени за 1.000 хектари, оризопроизводителите се надеваат и повисока цена

Оризните ниви во кочанско поле почнаа да се полнат со вода. Сеидбата на оризот е во тек, а последните врнежи од дожд го промени планот за сеидба. Наместо 2.500, сега оризот ќе се сее на 3.500 хектари. Во браната Калиманци сега вода има, со што е почната наводнителната сезона.

„На самиот старт на сезоната за наводнување во акумулацијата Калиманци има околу 95 милиони кубна вода, што е за околу 20 отсто помалку од максималниот капацитет. Со добра организација , сметаме дека ќе успееме сезоната за наводнување да ја реализираме според планот“,  информираат од Водостопанство „Брегалница“ – Кочани.

Оризопроизводителите велат дека подготовката на нивите им е отежната, поради тоа што нивите им се со кал, а во нив не можат да влезе земјоделската механизација. Дополнителен проблем им е тоа што се зголемени и трошоците за сеидбата.

Во моментов, оризовата арпа достигнува и цена од 38 денари, а кочанските оризопроизводители бараат нова производна цена.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе