Вести Македонија

Дванаесет странски државјанки откриени во угостителски објекти во Охрид, пет биле без регулиран престој

Дванаесет странски државјанки од Русија, Украина, Србија и Албанија биле откриени вчера во два угостителски објекта при акциска контрола на подрачјето на СВР Охрид. Пет од нив биле без пријавен престој во земјава.

Трудовиот инспекторат констатирал неправилности во угостителските објекти, поради што ќе следат соодветни санкции.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека странските државјанки се предадени на Одделението за странци и реадмисија при РЦ за ГР Запад за понатамошна постапка. Петте лица се изведени пред судија за прекршоци и согласно одредбите од Законот за странци изречена им е глоба и мерка протерување на странец од земјава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Во одредени професии недостигаат кадри

Дејан Дејан

Голем дел од пролетната зелка остана во нивите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе