Вести Свет Топ вести

Што кажуваат доверливите документи кои протекоа во јавноста за украинската војна?

Најновите доверливи документи на Пентагон кои протекоа во петокот и почнаа да циркулираат низ социјалните мрежи даваат детална слика за војната во Украина. Дополнети со временски линии и десетици непробојни воени акроними, документите, некои од нив означени како „строго доверливо“, раскажуваат за жртвите претрпени од двете страни, за воената ранливост на секоја од нив и, што е најважно, за тоа какви ќе бидат нивните релативни сили кога Украина ќе одлучи да ја започне својата долгоочекувана пролетна офанзива.

Некои од документите се стари дури шест недели, но импликациите се огромни. Во дел од нив има детални извештаи за обуката и опремата што и се обезбедуваат на Украина, која составува десетина нови бригади за офанзива што може да започне во рок од неколку недели. Бригадите треба да се подготвени, што значи дека треба да ја поседуваат воената опрема, тенкови, оклопни возила и артилериски парчиња што ги обезбедуваат западните сојузници на Украина. Но, се истакнува дека „времето на испорака на опремата ќе влијае на обуката и подготвеноста“. Во протечените документи се вели и дека украинската противвоздушна одбрана би можела да остане без проектили за неколку недели.

Вистинитоста на документите е потврдена и од претставници на Пентагон. А од нив, меѓу другото, се заклучува дека Вашингтон не верува никому, па ни на сопствените сојузници бидејќи документите покажуваат дека „не само што Американците имаат моќ на продирање во руските воени и безбедносни структури, туку ги шпионираат и самите Украинци, и, на пример, и Јужнокорејците“ пишува Њујорк Тајмс. Весникот додава дека постојат сомнежи меѓу сојузничките сили во врска со капацитетите на Вашингтон да ги чува сопствените тајни.

Америка е во потрага по лицето одговорно за неодамнешното протекување на доверливи воени и разузнавачки информации, за кои западните безбедносни експерти и американските официјални лица веруваат дека е лице од САД.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија го одбележува 5 мај – Денот на македонскиот јазик

Дејан Дејан

Митрески: Заедно и сплотени против сите предизвици и искушенија

Дејан Дејан

Велигден со пораки за здравје, љубов, меѓусебна почит и обединување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе