Вести Свет

Пет лица убиени во напад со огнено оружје во Луивил, Кентаки

Полицијата во американската сојузна држава Кентаки соопшти дека најмалку 4-ца луѓе се убиени во банка во центарот на градот Луивил, додека животот го загубил и осомничениот напаѓач. Полицијата се уште со сигурност не може да потврди дали тој самиот си го одзел животот или бил застрелан од полицајците кои први пристигнале на локацијата.

Уште 8 луѓе, меѓу кои и двајца полицајци биле ранети во нападот со огнено оружје, кој се случил во утринските часови.

Сите се  пренесени на болничко лекување а двајца од нив се во критична состојба,Сведоците на крвопролевањето за локалните медиуми потврдија дека напаѓачот отворил оган кон луѓето кои имале состанок во една од конференциските сали на банката.

Засега не се шпекулира за мотивот на напаѓачот, освен дека тој претходно бил вработен во банката.

Она што по секој нов инцидент од овој вид во САД изостанува е барем некаков обид да се реши проблемот и огненото оружје, вклучувајќи ги и автоматските пушки, остануваат лесно достапни за секој американски граѓани кој има доволно пари да ги купи.

Моќното лоби на американската Националното здружение за корисници на огнено оружје (NRA) не дозволува никакви промени со кои ќе се заостри контролата на тоа кој се може да купи и поседува пиштоли, пушки и друг вид смртносно оружје а за таа цел оваа асоцијација троши и милиони долари секоја година за купување на лојалноста на политичарите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Димитровска: Оформени се 45 предмети во врска на изборите од денот на нивно распишување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе