Вести Свет Топ вести

Тачи во Хаг: Го разбирам обвинението, но не сум виновен по ниту една точка во него

Поранешниот лидер на ОВК и претседател на Косово, Хашим Тачи се изјасни дека не е виновен по ниту една точка од обвинението на специјалниот суд за воени злосторства за Косово во Хаг.

„Го разбирам обвинението и во целост не сум виновен“, рече Тачи пред судиите.

Со уводен говор на Обвинителството, денеска пред Специјализираниот совет за Косово почна судењето на поранешните лидери на ОВК, Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими.

И Красниќи, Селими и Весели се изјаснија дека го разбираат обвинението, но и дека не чувствуваат вина по ниту една од точките во него.

Во Хаг почнува судењето против Хашим Тачи за воени злосторства – планирани сведочења на 140 жртви

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе