Вести Македонија

Ромите сè уште живеаат во супстандардни услови, животот сè потежок и за семејствата од ранливите категории и бездомниците

Социјално загрозени и невидливи за институциите таков е животот на голем дел од ромското население во 2023 година. Ромите сè уште живеаат во супстандардни услови велат невладините кои укажаа на сите пропусти на системот и нудат решенија како да им се помогне на оваа група граѓани која постојано се зголемува.

Освен ромите тежок живот живеат и семејствата од ранливите категории и бездомниците. И денеска во 21 век се уште постојат фантоми, лица кои немаат матичен број и документи. Тие луѓе не добиваат помош од одговорните надлежни институции па функционираат само со помош на невладините. Со нивна помош луѓето стануваат видливи за институциите и со тоа добиваат лекарски преглед, лекови и помош за сметките за електрична енергија. Најпогодени во ранливата категорија се децата и нивните родители.

Целта на овие организации е подигање на јавната свест и овозможување помош за најранливата група граѓани. Системот потфрли покажа примерот со едно од загрозените семејства, семејството Крстевски кои се лица со посебни потреби и со години не добиле помош од одговорните институции, дури по објавување на нивната сторија во медиуми надлежните започнаа да ја вршат својата работа.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе