Вести Македонија Топ вести

Македонија три години членка на НАТО

Специјалците на АРМ, познати и како волци, повторно ги покажаа своите вештини, овојпат за одбележувањето на три години членство во НАТО.

На небото придружувани со сојузнички авиони, на тлото со гости на одбележувањето и воениот врв. Формалното членство во 2020-тата беше круна на аспирациите и на достигнувањата од сите претходници.

Членството сепак дојде по уставните измени, по тешки, храбри, но државнички чекори, рече премиерот Ковачевски додека министерката Петровска пресмета дека НАТО обврските особено по украинската војна се остваруваат и на финансиски план.

Многумина дојдоа, но врховниот командант, Претседателот Стево Пендаровски го немаше, а не бил планиран ниту за одбележувачки говор.

„Високи претставници од Кабинетот, во име на претседателот Пендаровски ќе учествуват на различните настани кои се организирани во рамки на „Деновите на НАТО“ по повод одбележувањето на 3-годишнината од приемот на Република Северна Македонија во НАТО“ – соопштија од кабинетот на Пендаровски.

Затоа Ковачевски имаше две обраќања, и во Илинден на централната прослава и пред амбасадорите на НАТО во клубот на пратеници.

Таму збор зеде шефот на дипломатијата кого го немаше во касарната каде не дојде ниту еден министер од ДУИ.

Безбедност и членство во најголемиот воено политички сојуз како придобивка, но и војната во  Украина беа главни поенти на говорите. Покрај осудата за руската агресија, настаните ги искористи украинската амбасадорка со барање за нова воена помош од сојузниците.

Македонија го изоде најтешкиот пат до рамноправно членство во НАТО, патот почна со политичка декларација по осамостојувањето пред три децении, во 1999-та државата стана кандидат за членство кое дојде дури по промена на името. Незначителна маргина се оние кои беа и се против членството за кое постоеше општ консензус, истакна премиерот Ковачевски пред кого ренџерите ги покажаа своите акции, овојпат како војници на НАТО.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе