Вести Свет Топ вести

ТикТок на „стаклени нозе“ во САД – апликацијата во геополитичката битка меѓу Пекинг и Вашингтон

ТикТок е на „стаклени нозе“ во САД и нејзината иднина во земјата во голема мера ќе зависи од исходот на сослушувањата во Конгресот. Мнозинство од американските конгресмени се залагаат за забрана на кинеската социјална мрежа, бидејќи ја сметаат како закана по безбедноста на САД.

ТикТок, која има 150 милиони американски корисници, се соочува со обвинувања дека дели нивни податоци со кинеските власти и оти не прави доволно за заштита на децата кои ја користат мрежата. 

Извршниот директор на компанија, Шу Зи Чуа денеска одговараше на тешки прашања од американски конгресмени, меѓу кои најинтересно беше со републиканскиот конгресмен Бил Џонсон. Неговото сведочење доаѓа по една недела од напорите на кинеските власти да ги убеди Амерриканците оти нивната апликација носи економска вредност и ја поддржува слободата на говор.

Дел од политичките стручњаци веруваа дека забраната на ТикТок би можела да им наштети на Демократите кои ја користат платформата за обраќање до помладите гласачи.

Апликацијата е забранета на официјалните телефони на државни службеници и вработени во Велика Британија, како и во владини институции во САД, Канада, Нов Зеланд и Белгија. Слични забрани имаат и службениците и вработените во Европската комисија. Забраната не се однесува на личните мобилни телефони.

Идејата за забрана на ТикТок во Америка не е нова. Уште во август во 2020 година, тогашниот американски претседател Доналд Трамп ја објави забраната поради грижа за, како што рече тогаш, националната безбедност.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе