Вести Македонија Топ вести

Скопската вода со најдобар квалитет во регионот, но над 60 % се губи во стариот и дотраен водоводен систем

Стари системи за водоснабдување  и нерационално трошење на водата за пиење се главните причини поради кои загубите на вода во земјава бележат над 60 -65%.  Градба на нови системи за водоснабдување, нивно усовршување и системи за собирање на отпадни води, се важни за надминување на овој проблем велат познавачите.

  • Загубите на вода се, едни од техничка природа поради самиот цевководен систем кој што се транспортира и тоа е дел на самата инфраструктура и мрежа во сите градови во нашата држава, затоа што се работи на замена на цевководниот систем поради дотраеност, треба да се заменат самите цевки. А другиот поголем проблем е тоа што користиме чиста исправна вода од класа 1 , која е за пиење а ја користиме за полевање на дворови насади и тука е големиот проблем околу трошењето вода, изјви проф. д-р Кирил Лисичков,  Технолошко-металуршки Факултет

Според професор Лисичков не треба да постојат дилеми дали пиеме чиста вода.

  • Интересно е тоа што нашата држава се граничи, е рамо до рамо со трите земји со најдобар квалитет на водата за пиење, вели Лисичков. 
  • Во принцип мерките кои се преземаат и треба да се преземат за водите како за отпадните, така и за заштита на питките води  се секогаш интегрални пристапот мора да е интегрален бидејќи мораме да се заштитиме од потенцијалните загадувачи , дали е тоа индустријата, дали се домаќинствата  или земјоделското производство, смета проф. д-р Стефан Кувенџиев, Технолошко-металуршки Факултет 

Важно е секојдневно да се работи на подигнување на свеста кај новите генерации за она што го имаме како природни ресурси во нашата земја, да се инвестира во нивното знаење за заштита на истите, додава Кувенџиев.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе