Вести Македонија

Вештакот Стоилков: Не можевме да извршиме увид во внатрешната инсталација во болницата во Тетово оти беше целосно опожарена

Како сведоци и на Обвинителството и на одбраната, во случајот за пожарот во модуларната болница, сведочеа две вешти лица од Факултетот за електротехника и информациски технологии. Презентирајќи го извештајот во кој е опишан приклучокот на струја во објектот, Влатко Стоилков рече дека не можеле да извршат увид во внатрешната инсталација во болницата во Тетово, затоа што таа била целосно опожарена, но направиле увид во два други објекта од ист тип, при што утврдиле дека модуларната болница е изведена согласно проектната задача. Со ова се согласи и Владимир Димчев.

Како сведоци на одбраната, две вработени во Клиничката болница, чија смена завршила пред избувнувањето на пожарот, рекоа дека не знаеле дали имало раководител на модуларната болница и дека сменските доктори биле одговорни за смената, портир немало, на вратата стоело „забранет влез на невработени“, а противпожарен апарат имало во работната соба.

Во овој случај, обвинети се поранешните директори Флорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучевски и правното лице Клиничка болница.

Пред почетокот на судењето повторно се одржа граѓански протест за поддршка на докторот.

На следното рочиште, закажано за 6 април, ќе бидат сослушани уште четворица сведоци на одбраната, а потоа ќе следи читање на завршните зборови и пресудата.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе