Вести Свет Топ вести

Трамп е прв американски претседател кој се соочува со кривична постапка

Неколку недели пред претседателските избори во 2016 година, адвокатот на Доналд Трамп се обиде да купи молк на порното актерката Сторми Дениелс актерка со која поранешниот американски претседател наводно имал афера. ку Повеќе од 12 месеци, пак, претседателските избори во 2024 година, њујоршките обвинители се блиску до одлука за подигнување на обвинение во врска со незаконски исплати. Доколку дојде до обвинителен акт, тоа ќе биде прва кривична постапка против поранешен претседател на САД во историјата.

Генерално, според упатства на Министерството за правда, актуелен претседател не може да биде обвинет. Но, штом лицето ја напушти функцијата, статутот остава можност за поранешен претседател теоретски да може да биде обвинет за кривично дело. Во анализата, Балсамо забележува дека овој случај потенцијално би можел да го доведе поранешниот претседател со обвинение за кривично дело.

Полицијата во поголемите американски градови се подготвува за евентуално апсење на поранешниот претседател Доналд Трамп во рамки на истрагата за незаконски исплати. Челични барикади се подигнати пред Кривичниот суд на Менхетен, каде Трамп би можел да биде обвинет, да му бидат земени отпечатоци од прст и да биде фотографиран, во случај да биде подигнато обвинение во текот на оваа недела.

Засилена полициска присутност е забележана и пред Трамп Тауер во Њујорк. Сите припадници на њујоршката полиција, вклучувајќи ги и детективи во цивилна гардероба, добиле наредба да носат полна униформа и се ставени во приправност за мобилизација.

Обвинителот на Менхетен би можел да го обвини Трамп поради сомнеж дека и платил на порно ѕвездата Сторми Дениелс да молчи за афера што наводно ја имале. Случајот е фокусиран на тоа дека поранешниот претседател на САД му надокнадил 130.000 долари на својот адвокат Мајкл Коен, откако тој и платил на Дениелс да молчи во пресрет на претседателските избори во 2016 година за наводната афера што се случила неколку години порано.

Адвокатот на Трамп, наводно, ги исплатил средствата преку лажна компанија пред поранешниот американски претседател, преку својата организација да му надокнади, евидентирајќи ја исплатата како правни трошоци.

Трамп ги негира обвинувањата и оцени дека истрагата на окружниот обвинител на Менхетен е политички мотивирана, но може да му донесе и политички поени. Евентуално обвинение против Трамп, кој повторно сака да влезе во Белата куќа во 2024 година, би била момент без преседан во американската историја и ќе претставува прва кривична постапка против поранешен претседател на САД.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе