Вести Македонија Топ вести

Партиска агенда со државни возила, функционерите на ДУИ, опоменати продолжуваат со кршење на етичкиот кодекс

Средби со граѓани, партиски настани, социјални мрежи и помпа.

Службениот ФБ профил на првиот вицепремиер, Артан Груби е преполн со партиски активизам. Раце во вис за поддршка и безброј селфи слики.

Безмалку секое попладне министерската четворка од ДУИ е на терен, а се почесто тоа го прават со службените возила на владата каде што се вработени. Еднаш опоменати од колешката Грковска за добро владење и борба против корупцијата, тие продолжуваат да го кршат етичкиот кодекс на владата.

И шефот знае за ноќните активности на дел од министрите на ДУИ. Ги прекори усмено оние кои веќе имаат жолт картон од антикорупциска.

Ако продолжат да ги користат државните возила за потребите на партијата ДУИ тогаш обвинителите нека им отворат предмет, вели премиерот Димитар Ковачевски

Со спортскиот активизам „кош – гол“ во канцелариите на Артан Груби ниту една институција не постапува.

Осудата е јавна и казната е негативни реакции од интернет заедницата, порача вицепремиерката Грковска.

Први опомени заработија минстрите Груби, Османи и Нуредини кои користеле владини “пасати” за партиски настани.

Праксата продолжи кај пониските ешалони на заменици министри и директори. Иако етичкиот кодекс е со цел да се промени однесувањето на функционерите тие од викенд во викенд продолжија со истата пракса.

Но, затоа нивниот партиски лидер Али Ахмети мора да го користи партиското ауди затоа што за разлика од сопартијците нема ниту функција во извршната власт, ниту службено возило.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно, особено претпладне нестабилно – Временска прогноза за 3.5.2024

Дејан Дејан

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе