Вести Македонија Топ вести

ДУИ најавува спектакуларен митинг во Чаир, на кој „Огнените“ не се поканети

Ахмети повторно запеа патриотски песни. Овој пат во дует со косовскиот пејач Илир Шаќири, кој ќе биде гостин и на вечерашниот партиски собир во Чаир. Видеото го сподели првиот вицепремиер Артан Груби како засилување на најавата за претстојниот спектакл. Денеска и изминативе денови, тој неколку пати еуфорично го најавуваше и собирот и присуството на лидерот Али Ахмети, а внесе и мистичност со зборовите „тој доаѓа“.

Ми недостигаше ваква мобилизација и еуфорија каква што се создава кога се очекува националниот лидер Али Ахмети. Чаирчани се на нозе, големи и мали зборуваат дека тој доаѓа и дека ќе му  ја слушаат пораката. Ви ветувам невиден спектакл, особено за младите. Не пропуштајте па потоа да слушате од други како било на историскиот собир кадешто ќе се гради иднината, напиша груби.

Групата „огнени“ го нарече „собир на артанисти“. Ниту биле поканети ниту имаат намера да присуствуваат. Само неколку часа порано, градоначалникот на Чаир Висар Ганиу го објави стартот на изградбата мега парк во населбата Топаанско поле. Го покани „огнениот“ потпретседател на партијата Изет Меџити, но не и министрите – сопартијци.

Меџити нема намера партиски да соработува со новоназначениот координатор на партискиот огранок, Бујар Османи.

Вечерашниот собир на ДУИ во Чаир е дел од серијата партиски активности што паралелно ги прават двете партиски групации со меѓусебни обвинувања за делење на партиското тело. Едните побараа оставка и отчет на вицепремиерот Груби и на другите министри. Другите докажуваат дека ја имаат поддршката од лидерот Али Ахмети и дека членството и натаму ги поддржува.

Соња Николовска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велики четврток – почнуваат велигденските празнувања

Дејан Дејан

САД ја обвинуваат Русија за употреба на хемиско оружје во Украина

Дејан Дејан

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата во Северна Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе