Вести Македонија

Титаник 2 вратен во Кривичен суд

Додека се бројат денови до застарување на делото за екс шефот на тајната полиција Мијалков, предметот Титаник два пати патува напред назад мегу Кривичниот суд и Аплеациониот суд. Скопска апелација го вратила административно затоа што Кривичен пред време им го испратиле без да почека да помине законскиот рок за поднесување на жаба од 15 дена. Од Кривчен велат побрзале поради итноста на предметот

Предметот Титаник 2 уште 5 дена ќе поседи во Кривичниот суд кој треба  да почека дали ќе пристигнат и последните две жалби без кои го испратиле предметот во Скопска апелација пред истек на рокот од 15 дена.

Според податоците од Кривичен рокот почнал да тече на 6-ти март кога и последниот адвокат ја примил пресудата а истекува на 21 март.  До сега не поднеле жалба лидерот на ДПА, Мендух Тачи и неговиот адвокат.

Но кривчен побрзал и уште на 7 март го пуштил предметот во Апелација  поради итноста -застарување на делото на екс шефот на Тајната полиција Сашо Мијалков.

„Со оглед дека од последната достава на пресудата се уште не беа поминати законските рокови од 15 дена за жалба, судот го достави предметот до второстепениот суд, а заради доследно почитување на правата на странките, ја имаше во предвид и одредбата од член 430 од ЗКП . Па во случај на добиени дополнителни жалби истите ќе ги достави на здружување кон предметот во Апелациониот суд Скопје кој нема законски пречки да постапува по веќе добиените жалби, дотолку повеќе што се работи за предмет по кој второстепениот суд веќе еднаш одлучувал“ – соопшти Кривчниот суд.

Членот 430 од ЗКП (Привилегија на здружувањето) на кој се повикува Криивчен гласи:

„Ако второстепениот суд по повод на која и да е жалба утврди дека причините поради кои ја донел одлуката во корист на обвинетиот се од корист и за некој од сообвинетите кој не изјавил жалба или не ја изјавил во тој правец, ќе постапи по службена должност како да постои таква жалба“ – се вели во членот 430 од ЗКП.

Од апелација велат дека овој член воопшто не значи скратување на роковите и не може да се примени во ситуација кога се уште не е истечен рокот за жалба. Привилегијата на здружување може да се примени по истекот на рокот доколку некој обвинет не поднесе жалба.

„Предметот административно е вратен на првостепниот суд истиот да постапи и по истекот на законските рокови за изјавување на жалба, односно одговор на жалба предметот со сите списи да се достави до Апелациониот суд Скопје на одлучување во  жалбена постапка“ – се вели во одлуката на Апелациониот суд од Скопје.

До застарување на делото за Мијалков има уште 22 дена а шансите да се донесе правосилна пресуда до тогаш се се помалку, велат за Телма упатените во овој предмет.  Апелацискиот суд еднаш веќе ја укина пресудата а во декември лани Кривичен на Мијаков Тачи и 4-ца поранешните членови на ДИК им пресуди по 2 години затвор.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе