Вести Македонија

Расте бројот на жртви на семејно насилство

Загрижувачки податоци за бројот на жртви на семејно насилство кое ги евидентирало Министерството за внатрешни работи, велат експертите. Бројот е секогаш поголем, затоа што голем број жени и деца поради инертноста на системот многу тешко се одлучуваат да го пријават насилникот. Во 2022 та година биле пријавени 1.117 кривични дела во врска со семејно насилство во Македонија. 675 телесни повреди, 26 тешки повреди, 9 убиства, 389 загрозувања на безбедноста. 1.191 жртва на семејно насилство, најголем број од нив се жени 942 меѓу кои во половина од случаите станува збор за сопруги во семејна заедница,  249 мажи пак се жртви на семејно насилство. Најголем број сторители на кривични дела за семејно насилство се мажи 1061 и синови, 171.

Често жртвите се виктимизирани осудувани и тоа дополнително ги обесхрабува за понатаму да продолжат со постапките и токму поради тоа знаат често и да се откажат во текот на постапката. Тоа загрижува затоа што жртвата не ја добива поддршката која и е потребна и е оставена повторно во насилната средина и обесхрабрена да реагира подоцна, рече Тона Карева од хелсиншкиот комитет.

Загрижувачки се и податоците за полови напади врз деца во првите три месеци од минатата година, голем број малолетни, некои од нив помали од 14 години.

Можете да замислите која траума е кога тоа го прави најблискиот некого во кого детето има доверба. И затоа ќе нагласам високите казни за ова најгрозоморно дело кое остава доживотни трауми, некои деца со години молчат за ова е многу важно да се работи на превенција уште во најрана детска возраст, да се алармира на несоответно допирање од оние кои може да му помогнат на детето.  И се залагаме да нема застарување на кривично дело за полов напад на дете под 14 години, рече претседателот на Меѓаши Драги Змијанац.

Детската амбасада воедно се залага за доживотна казна за секој рецидивист повторништво на полов напад на дете под 14 години.

Според министерот Спасовски случаите со жртви на семејно насилство се решаваат со утврдување докази за кои е потребна крвична пријава. МВР со апел да се пријавуваат сите случаи на семејно насилство за насилниците да бидат санкционирани.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе